Џеси Џеј објави дека се повлекува од сцената поради влошена здравствена состојба

Џеси Џеј објави дека се повлекува од сцената поради влошена здравствена состојба

пред 3 години

Британската поп-пејачка Џеси Џеј преку социјалните мрежи објави дека се повлекува на одреден временски период поради нејзината влошена здравствена состојба.

„Го имам направено ова веќе многу пати низ годините. Ќе исчезнам од социјалните мрежи на некое време и целосно ќе се фокусирам на себе за да дознам што се случува со моето тело“, напиша таа.

Таа веќе повеќе од половина година се бори со Мениерова болест, поради што ланските новогодишни и божиќни празници ги помина во болница, а потоа мораше да ги откаже и настапите. Болеста се манифестира со напади на вртоглавици, мачнини, повраќање, шум во уво, појава на наглувост, а нападнат може да биде и центарот за рамнотежа.

Таа во едно од нејзините лајв вклучувања раскажа дека ѝ е тешко што болеста се влијае и на нејзиниот глас, а нејзиниот слух е исклучително лош. Но и дека тешко се движи.

„Вчера се обидов да отпеам песна која инаку со леснотија ја пеам. Не можев. Проблемот не е мојот глас, но болеста ми влијае на гласот. Липтав на глас. Си дозволив да го почувствувам делот кој е скршен во мене, а кој често го игнорирам. Шест месеци не помина ден без болки во вртатот и грлото. Некогаш е подобро, некогаш не“, напиша таа во една прилика.

Share
Scroll to Top