Џејми Ли Кертис: Сознанието дека ќе умрам ја промени мојата кариера

Џејми Ли Кертис: Сознанието дека ќе умрам ја промени мојата кариера

пред 1 недела

Актерката Џејми Ли Кертис (65) отворено зборуваше за тоа како сознанието дека „наскоро ќе умре“ предизвика голем пресврт во нејзината кариера.

Актерката се прослави во 1978 година со улогата во филмскиот серијал Halloween, а актерската кариера ја продолжи до денес, појавувајќи се во бројни популарни филмови.

Но, по ненадејно сознание, Кертис реши посериозно да се посвети на улогата на продуцент. Кертис работеше како продуцент на неколку филмови од серијалот Halloween, вклучувајќи го и филмот од 2018 година, а исто така е извршен продуцент на филмови како што се Best Summer Ever и Timers. Но, неодамна, во интервју за Entertainment Weekly, таа откри: „Дури во улогата на продуцент ја презедов своја сила кога сфатив дека наскоро ќе умрам“.

„Кога наполнив 60 години, тоа беше вистинска пресвртница. Сфатив дека сè што држам во мојата глава, срце, ум, душа, дух и животна енергија ќе умре со мене ако не го изнесам на светот.” додаде таа. Ова сознание ја поттикна сериозно да се заложи за основање сопствена продуцентска компанија за филмови, телевизија и подкасти наречена Comet Pictures во 2019 година.

Кертис додаде: „Тоа беше мојот момент на вистината, и тогаш отидов кај големиот продуцент Џејсон Блум и му реков: Сакам продукциска куќа“.

Нејзиниот последен проект како продуцент е претстојниот документарен филм за фитнес иконата Сузан Паутер од 90-тите.

Share
Scroll to Top