Џеј Ло и Алекс Родригез потврдија дека се разделиле

пред 3 години

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и некогашниот безбол играч, Алекс Родригес, официјално објавија дека ја раскинале двегодишната свршувачка. Тие велат дека подобро функционираат како пријатели отколку како љубовници.

„Сфативме дека подобро функционираме како пријатели и ќе го одржуваме тоа. Ќе продолжиме да работиме заедно и да соработуваме во наши заеднички бизниси и проекти“, стои во заедничко соопштение на двојката.

Веста за нивна разделба првпат се појави пред еден месец, но тие тогаш изјавија дека „средуваат некои работи и дека се заедно“.

Лопез и Родригез беа во врска од 2017 година, а по две години подоцна се свршија. Требаше да се венчаат лани во Италија, но ги откажаа плановите откако почнаа да се воведуваат мерките за заштита од короната. Лопез има три пропаднати брака и две деца, а Родригес се разведе во 2008 година и од тој брак има две деца.

Share
Scroll to Top