Хрватските пејачи Џибони и Петар Грашо проговорија за здравствените проблеми што ги имаат со видот. Џибони призна дека двапати бил опериран, а Грашо открил дека татко му за малку ќе ослепел.
„Двапати ме оперираа и ме приклучија на инфузија, две шишиња по 45 минути. Реков: „Како ќе запалам цигара, како ќе издржам?“ Но потоа убаво ме доведоа во лекарска ординација, која веднаш ја нареков „бекстејџ“, а во „бекстејџ“ ми организираа кафе, пепелник и инфузија“, изјавил Џибони на отворање нова клиника во Загреб.
Своето искуство го опишал и Петар Грашо, кој откри дека неговиот татко пред неколку години имал сериозен проблем со очите.
„Практично ослепе преку ноќ, а другото око веќе му е тешко оштетено од дијабетес. Преку ноќ се разбуди слеп, поспан и не знаеше што се случува“, вели Грашо.