Пејачката Антониа Гиговска не ја испушти приликата да се маскира за 1. април-Денот на шегата. Маскикарна како Џокер, со нејзиниот партнер, Роберт, објави неколку фотографии и пак го привлече вниманието на јавноста. Некои и коментираа под фотографиите: Џокер од Алиекспрес. Други пак велат, одлична идеја и супер маска .
Пејачката неодамна беше на модна ревија на дизајнерката Ива Спасовска, каде го привлече вниманието со црниот секси комбинизон. Оние кои ја познаваат Гиговска, велат дека одлично се носи со бременоста.
За потестување, Антониа, неодамна најави дека се повлекува од музичките настапи. Таа и музичарот Роберт Спасенцовски го чекаат своето прво дете.