Џони Ротен од „Секс Пистолс“ сака да ја претставува Ирска на Евровизија

Џони Ротен од „Секс Пистолс“ сака да ја претставува Ирска на Евровизија

пред 1 година

Пејачот на познатата британска панк група „Секс пистолс“ Џони Ротен сака да ја претставува Ирска на Евровизија во мај, објави ирската телевизија РТЕ.

Актуелниот бенд на Rotten Public Image Ltd е меѓу шесте претставници кои ќе се натпреваруваат да ја претставуваат Ирска на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Ливерпул.

Групата, формирана по распадот на „Секс пистолс“ во 1978 година, ќе настапи во февруари на телевизија заедно со другите кандидати. Тогаш ќе биде одреден победникот.

Ротен, чие вистинско име е Џон Лидон, е роден во Лондон, но има ирско потекло.

Неговиот бенд објави дека ќе ја изведе песната што Ротен ја напиша за својата сопруга Нора, која има Алцхајмерова болест.

Евровизија оваа година ќе биде во Ливерпул. Минатата година на натпреварот победи Украина, но организаторите одлучија следниот натпревар наместо во земјата на победникот да се одржи во Велика Британија поради војната во Украина.

Финалето на натпреварот ќе биде на 13 мај.

Роден во 1956 година, Ротен стана контроверзна личност поради неговите ставови против музичкиот естаблишмент, религијата и христијанството, класниот систем и британската монархија.

Во 70-тите, „Секс пистолс“ ја шокираше софистицирана Англија со провокативни зборови и агресивна музика.

Share
Scroll to Top