Џон Батист освои 11 Греми номинации

Џон Батист освои 11 Греми номинации

пред 3 години

Објавена е листата номинирани за наградите „Греми” за американската музичка индустрија. Џон Батист освои најголем број номинации, вкупно 11, од кои едната е за песна на годината („Freedom“) и најдобар албум („We are“). Додека Џастин Бибер, Џастин Бибер, Доџа Кат и „Х.Е.Р.” освоија по осум номинации. Били Ајлиш и Оливија Родриго добија по седум номинации.

На листата номинирани за најдобра песна се најдоа: АББА со „I Still Have Faith In You”, Тони Бенет и Лејди Гага со „I Get A Kick Out Of You”, Џастин Бибер, Даниел Кајзар и Гивеон со „Peaches” Бренди Карли со „Right On Time”, Доџа Кет и СЗА со „Kiss Me More”, Били Ајлиш со „Happier Than Ever”, Лил Нас Екс со „Montero“, Оливија Родриго со „Drivers license” и Силк соник со „Leave The Door Open”.

На годинешното доделување на наградите доминираа Тејлор Свифт и Били Ајлиш, а Бијонсе стана најнаградуваната изведувачка во историјата на овие американски награди. Следното, 64. доделување по ред е закажано за 31 јануари 2022 година во Лос Анџелес.

Share
Scroll to Top