Џон Траволта и Деми Мур во љубовна врска

Џон Траволта и Деми Мур во љубовна врска

пред 3 години

Светските актери Џон Траволта и Деми Мур се во врска, пишуваат американските медиуми. Извори блиски до нив тврдат дека ги споил поранешниот сопруг на Мур, познатиот актер Брус Вилис. Тој го советувал да ѝ се јави, откако Џон минатата година останал без својата сопруга.

Траволта и претходно се дружел со семејството на Вилис, но, по разводот со Мур, нивните односите се заладиле, откриваат пријатели блиски до нив. Келнерка во ресторан во Флорида вели дека често ги гледа двајцата заедно на романтична вечера.

„Седат на масата во аголот, која е осветлена само со свеќи. Изгледаше романтично и многу се смееја. Дури и се држеа за рака“, рече таа.

Досега ни Џон Траволта ни Деми Мур се немаат огласено по повод шпекулациите за нивната врска.

Share
Scroll to Top