Популарниот холивудски глумец Џорџ Клуни, во новиот број за списанието W Magazin, откри дека ги извршува сите домашни работи, додека е дома со децата, за време на пандемијата со коронавирусот. На шега вели дека научил многу работи и дека станал мајстор за разни занаети.
„Ќе ви кажам нешто за моето ново хоби. Ќе пуштам две до три машини дневно и ќе ја исперам облеката, а садовите ги перам по цели денови, затоа што нашите деца се вистински мали свинчиња“, изјавил Клуни.

Тој вели дека се грижи за своите деца, но дека никако не смее да ја шиша неговата ќерка, затоа што Амал ќе го убие.
„Од време на време морам да ги бањам децата. Еднаш го ишишав син ми и испадна многу лошо. Но, косата ќе му порасне. И јас самиот се шишам, но не смеам да ја шишам ќерка ми, затоа што тогаш ќе имам големи проблеми со Амал. Ќе ме убие ако и ја допрам убавата долга коса“, изјавил Клуни.






