Џорџ Клуни гo поддржа штрајкот на колегите во Холивуд

Џорџ Клуни гo поддржа штрајкот на колегите во Холивуд

пред 1 година

Двократниот оскаровец, Џорџ Клуни ги поддршка филсмките работници и целиот персонал на Холивуд кој деновиве излезе на штрајк, барајќи подобри плати и услови за работа. Клуни им даде поддршка и на членовите на Синдикатот на американските глумци.

„Ова е точка на пресврт во нашата индустрија“, рече Клуни, кој неодамна го заврши филмот за МГМ „Момците во чамецот“.

Глумецот додаде дека актерите и сценаристите ја изгубиле способноста да заработат за живот. Протестот запчона од 2 мај, а раководството на SAG официјално го ратификуваше штрајкот вчера по неуспешните преговори за AMPTP.

Истите беа продолжени за две недели, па се очекува спорот да трае некое време. Штрајкот на сценаристите трае речиси три месеци и не покажува знаци на прекин. Клуни неодамна го заврши филмот за МГМ „Момците во чамецот“.

За потсетување, штрајковите можат  целосно да го парализираат Холивуд и да ѝ нанесат тежок удар на филмската индустрија, каде што продукцијата на филмови и серии веќе е во застој.

Share
Scroll to Top