Џо Бајден положи заклетва на Библија стара 127 години и стана претседател на САД

пред 4 години

Со раката ставена врз Библија стара 127 години, Џо БАјден положи заклетва и стана 46 претседател н САД. Библија ја држеше неговата сопруга Џил, додека Бајден пред претседателот на Врховниот суд на САД се колнеше дека ќе ги брани честа и угледот на земјата и ќе се залага за правата на сите жители.

На церемонијата, прва заклетва даде потпретседателка Камала Харис, првата обоена и првата жена потпретседател на САД во историјата.

Претходно, церемонијата на инаугурција ја отвори сенаторката Ејми Клобучар која во говорот рече дека „ова е денот кога нашата демократија ќе се врати и кога Америка ќе се врати. Денес ја славиме првата потпретседателка Камала Харис. Денес сè е можно“, рече таа.

Молитва прочита свештеникот Рој О’Донован, а по него американската химна ја испеа Лејди Гага, која е блиска пријателка на новиот претседател на САД.

На церемонијата присуствуваат поранешните претседатели Џорџ Буш помладиот, Бил Клинтон и Барак Обама, со сопругите, досегашниот потпретседател Мајк Пенс, како и други високи претставници на политичкиот, економскиот и јавниот живот на САД.

 

Share
Scroll to Top