Жан Грабаски, медицинската хероина, го прослави својот 103 роденден со чаша вино и ја откри својата тајна за долговечноста.
„Пиев по една чаша шардоне речиси секој ден за време на вечерата. Исто така, цел живот сум активна – но една или две чаши нема да му наштетат никого“, изјави таа за „Дејли експрес“.
Жан, која работела како медицинска сестра од 21 до 61 година, исто така волонтирала во заедницата преку програмата Оброци на тркала. Цел живот таа беше застапник на фитнесот и редовно вежбаше. И денес, во дом за стари лица, Жан учествува во неделни програми за вежбање, ужива во музика и сака да се релаксира со третмани за коса и нокти.
За нејзиниот 103-ти роденден да биде посебен, тимот од старечкиот дом во кој живее организираше прослава со торта и чаша шардоне.
„Беше прекрасно да се види Жан како ужива опкружена со семејството, пријателите и цимерите. Тимот работеше напорно за да биде прославата за паметење додека наздравувавме за Жан“, заклучила домашната менаџерка Линда Мартинез.