15 години по скандалот со неверството: Ева Лонгорија повторно во прегратка на Тони Паркер, фановите во неверување

15 години по скандалот со неверството: Ева Лонгорија повторно во прегратка на Тони Паркер, фановите во неверување

пред 2 дена

Холивудската актерка Ева Лонгорија и нејзиниот поранешен сопруг, легендарниот НБА кошаркар Тони Паркер, повторно се најдоа во ист кадар, предизвикувајќи изненадување кај обожавателите ширум светот.

Лонгорија на својот Инстаграм профил сподели фотографија од нивната неочекувана средба, направена во кујнски амбиент, каде што двајцата насмеани позираат заедно со Марија Браво и Алина Пералта, коосновачки на Global Gift Foundation.

Актерката во описот на фотографијата напиша:

„Погледнете кој дојде на посета… единствениот и неповторлив ТП!“

Фотографијата брзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина беа изненадени што поранешните сопружници денес имаат пријателски однос, имајќи ја предвид нивната турбулентна историја.

Ева Лонгорија и Тони Паркер се венчаа во 2007 година и важeа за еден од најпознатите славни парови во светот на шоу-бизнисот и спортот.

Сепак, нивната љубовна приказна заврши драматично во 2010 година, кога актерката поднесе барање за развод по наводно откриени пораки со сексуална содржина што Паркер ги разменувал со друга жена.

Разводот официјално беше финализиран во 2011 година, а во тоа време Лонгорија тврдеше дека кошаркарот неколкупати бил во несоодветен контакт со други жени и преку социјалните мрежи.

Тогаш медиумите шпекулираа дека во скандалот е вмешана Ерин Бери, сопруга на поранешниот соиграч на Паркер од Сан Антонио Спарс, Брент Бери, но и Паркер и Бери ги негираа тие наводи.

Неколку години по разделбата, Лонгорија призна дека поминувала низ период на преиспитување и несигурност.

„Имав моменти кога се прашував дали не сум доволно привлечна, доволно убава или доволно паметна“, изјави таа во интервју во 2012 година.

Сепак, актерката додаде дека брзо сфатила дека неверството не е одраз на нејзината вредност како личност.

„Општеството често мисли дека нешто не е во ред со жената кога ќе биде изневерена. Но јас знаев дека тоа не е поврзано со мене“, рече тогаш Лонгорија.

За разлика од поранешната сопруга, Тони Паркер ретко зборуваше за разводот.

Во интервју за францускиот весник „Le Parisien“ во 2011 година изјави дека во тој тежок период засолниште пронашол во кошарката.

„Најважно е човек да остане психички силен, дури и кога поминува низ многу тешки моменти“, изјави тогаш Паркер.

По разводот, Ева Лонгорија повторно ја пронајде љубовта и во 2016 година се омажи за мексиканскиот бизнисмен Хозе „Пепе“ Бастон.

Две години подоцна го добија синот Сантијаго, кој денес е центарот на нејзиниот семеен живот.

Тони Паркер, пак, во 2014 година стапи во брак со француската новинарка Аксел Франсин, со која доби два сина – Џош и Лиам.

Сепак, и нивниот брак заврши со развод во 2020 година.

Новата фотографија од Ева Лонгорија и Тони Паркер покажа дека и покрај бурното минато, поранешните сопружници денес имаат коректен и пријателски однос.

Многумина на социјалните мрежи коментираа дека времето навистина лечи сè, а нивната средба е доказ дека дури и по големи скандали и болни разделби е можно да се задржи меѓусебното почитување.

Share
Scroll to Top