Еден од најпопуларните филмови во деведесеттите, „Убава жена“, својата премиера ја имаше на 23 март 1990 година во Канада. Во тоа време, ни режисерот Гери Маршал, ни главните актери Џулија Робертс и Ричард Гир, не претпоставувале дека филмот ќе биде популарен и по 30 години. Ова се 30 интересни работи за филмот што можеби не сте ги знаеле.
1. Сценаристот Лавтон оригиналното сценарио го нарекол „3000 долари“ (износот што Едвард ѝ го дава на Вивиен). Тоа не било љубовна приказна со среќен крај, туку приказната била за две личности со упропастени животи, зависници од дрога, што поминуваат една недела заедно.
2.Крајот требал да биде снимен во Дизниленд. Според првичната приказна, Едвард ја брка Вивиен од својот живот, а таа со парите и нејзиниот најдобар другар Кал ќе замине за Дизниленд.
3. Пред Ричард Гир да ја добие улогата на Едвард, Робертс ја споиле со неколку популарни глумци во Холивуд. Дел од нив се Том Конти, Чарлс Гродин, Џон Траволта, Кристовер Рив, Дензел Вошингтон. Силвестер Сталоне ја одбил улогата, исто како и Ал Пачино.
4. Џулија Робертс била заинтересирана за филмот уште од самиот почеток, дури и за „мрачната“ верзија. Сепак, покрај неа, за улогата биле планирани Сандра Булок, Џенифер Конели, Мег Рајан, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис, дури и Мадона.
5. Идејата на Маршал била главните ликови да ги толкуваат Ал Пачино и Мишел Фајфер, но за „Венити фер“ рекол дека неговата визија за филмот се сменила сосема кога на кастингот дошле Гир и Робертс. „Со Пачино и Фајфер тоа ќе беше сосема друг филм. Веројатно ќе беше поблизок до оригиналното сценарио, а можеби немаше воопшто да има среќен крај. Но, хемијата помеѓу Џулија и Ричард, која се чувствува и на екранот, беше иста таква и на аудициите“.
6. Робертс била два пати на аудиција – кога било актуелно првото сценарио, а потоа ја викнале уште еднаш за изменетото.
7. Ричард Гир во почеткот сметал дека ликот Едвард е претерано досаден, а за сценариото изјавил: „Беше тоа едно мало, смешно сценарио”.
8. Ричард Гир неколку пати ја одбивал улогата на Едвард, па Џулија била таа што на крајот го убедила да го сними филмот. Таа отишла во неговиот дом во Њујорк, а во исто време Маршал го повикал Гир на телефон. Додека тие разговарале, се појавила Робертс, со лист на кој пишувало: „Те молам кажи ДА“. „Тукушто реков ДА“, му одговорил Ричард на режисерот.
9.Филмот навистина е сниман во „Реџент Беверли Вилшир“ хотелот. Тоа бил единствениот хотел во Беверли Хилс кој дозволил да се снима и надвор и внатре. Исто така, обожавателите можат да видат како им било на Едвард и Вивиен во апартман кој чини 100.000 долари. Пакетот вклучува престој во пентхаус и шопинг на „Родео Драјв“. Дополнителните сцени се снимени во близина на хотелот „Амбасадор“, каде во 1968 година беше убиен Боби Кенеди. Овој хотел е демолиран во 2005 година.
10. Операта што Вивиен и Едвард ја гледаат заедно е „Тривијата“ – приказна за маж кој се вљубува во проститутка.
11. На постерот не е Џулија Робертс. Всушност, нејзината глава е споена со телото на нејзината дублерка, Шели Мишел. Ричард Гир пак, има црна коса, иако во филмот има проседа коса.
12. Сцената кога Џулија Робертс е во када полна со пена, не била воопшто едноставна да се сними. Имено, кога косата на Робертс била мокра, целата вода била обоена во црвено од бојата на нејзината коса. Па додека ја снимале сцената, целата боја паднала. „Детергентот си го направи своето и ми ја симна цела боја. Затоа во 10 часот навечер имавме итно боење на косата, за да можеме да продолжиме со снимање“.
13. Кога Робертс не можела да се смее за да ја сними сцената кога Вивиен гледа „I Love Lucy“, режисерот ја скокоткал за стапалото и така го решавале проблемот.
14. Во сцената со пијаното, Гир навистина свири. Дел од тоа што го свири е оригиналната композиција која ќе стане официјалната музика на филмот.
15. Името на филмот е преземено од стиховите на песната Oh, Pretty Woman на Рој Орбисон.
16. За време на секси сцените, Робертс била толку нервозна, што на крајот добила и осип.
17. Сцената во ресторанот е снимена во постоечки ресторан. Се работи за „Rex II Rеstorante” во Лос Анџелес, сега познат како „Cicada” (во филмот се вика „The Voltaire). Инаку, во истиот ресторан се снимани сцени и од филмот „Непристоен предлог”.
18. „Ферари“ и „Порше“ одбиле да соработуваат и нивните коли да бидат во филмот, бидејќи не сакале нивниот бренд да се поврзува со проститутки. На крајот, Едвард вози спортска кола „Лотус“.
19. Освен чевлите „Шанел“, тимот на костимографката Мерилин Венс ги креирал и направил сите модни комбинации кои ги носи Робертс во филмот.
20. Сите костуми што ги носи Ричард Гир во филмот се исто така создадени од истиот тим, а Мерилин одела во Италија за да ги најде вистинските материјали за костумите.
21.Црвениот фустан во кој Вивиен оди во опера, требал да биде црн. Костимографката Мерилин Венс се расправала со филмското студио околу фустанот. Имало неколку пробни снимања во различни бои, за на крај да го изберат црвениот.
22. Ѓерданот што Едвард ѝ го дава на Вивиен чинел 250 илјади долари, па на сетот имало и посебен чувар ангажиран за него. А сцената кога тој ја затвора кутијата е импровизација и смеењето на Робертс е искрено.
23. Мег Рајан ја одбила улогата во „Убава жена“, која на Робертс ѝ донесе номинација за Оскар. Претходно, Рајан ја одби понудата и за улогата во „Челични магнолии“, за да биде дел од филмот „Кога Хари ја запозна Сали“, улога која на Робертс ѝ донесе уште една номинација за Оскар.
24. Хонорарот на Робертс за овој филм бил 300.000 долари од ден.
25. Робертс, Гир и Маршал заедно ја снимија и романтичната комедија „Невестата бегалка“, филм кој на Робертс ѝ донел 17 милиони долари заработувачка, а на Гир 12 милиони. На Ричард му се допаднало сценариото, но на студиото му дал услов: „Ако успеете да ја убедите Џулија Робертс, тогаш јас сум ЗА“. Таа прифатила, а двајца го убедиле Маршал да го режира филмот.
26. Бездомникот кој Едвард го прашува за насоки, каде да се движи, е токму режисерот Гери Маршал.
27. Последните реплики од филмот се дело на Лаура Зискин: She saves him right back.
28. Режисерот и целиот тим се договориле уште при снимањето на филмот дека доколку доживее успех, нема да снимаат втор дел.
29. Во август 2018 година, се случи премиерата на „Убава жена: Мјузикл“ на Бродвеј. На истиот се работело четири години. Едвард го толкува Стив Кази, а Саманта Баркс е Вивиен.
30. „Убава жена“ е четвртиот филм со најголема заработувачка во историјата на Америка. Со преку 178.4 милиони долари, овој филм се наоѓа веднаш зад „Мојата голема дебела грчка свадба“, „Што сакаат жените“ и „Хич“.