Македонските кик-боксери освоија 54 медали на меѓународниот кикбокс турнир „Трофеј на Белград“ што се одржа изминатиот викенд. Тие освоија 15 златни, 17 сребрени и 22 бронзени медали. На турнирот учествуваа 269 натпреварувачи од 53 клубови од пет земји: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Молдавија.
Најуспешен македонски клуб е КБК „Шампион“ – Магнус Тим од Скопје кој освои 11 медали, а членот на овој клуб, Бобан Илиовски, беше прогласен за најдобар борец на ринг и доби златен пехар.