92-годишниот медиумскиот могул Руперт Мардок ја раскина свршувачката неколку недели откако ја објави

92-годишниот медиумскиот могул Руперт Мардок ја раскина свршувачката неколку недели откако ја објави

пред 2 години

Медиумскиот могул Руперт Мардок и поранешната полициска капеланка Ен Лесли Смит ја прекинале свршувачката, само неколку недели откако ја објавија.

Како што вели извор близок до 92-годишниот Мардок на него не му било пријатно поради нагласените евангелистички гледишта на Смит, пренесува магазинот „Венити фер“.

Парот се запознал во септември на настан во неговото лозје во Калифорнија. Тој ѝ предложил брак на 17 март, а венчавката требаше да се одржи летово.

Тој има шест деца од првите три брака, додека Смит е вдовица 14 години.

Мардок, кој се разведе од четвртата сопруга Џери Хол минатата година.

Share
Scroll to Top