Aктерот Власта Валисављевиќ се бори за живот oткако ги примил двете дози вакцини против корона

Aктерот Власта Валисављевиќ се бори за живот oткако ги примил двете дози вакцини против корона

пред 4 години

Откако ги примил двете дози вакцини против коронавирус, актерот Власта Велисављевиќ (94) се бори за живот, пренесуваат медиумите.

Тој е позитивен на коронавирус и моментално се наоѓа на Инфективна клиника во Белград, а состојбата се влошила откако претходно ги примил двете дози од вакцината.

„Се чував и уште се чувам. Лошо е кога имате некој проблем од друг вид што се однесува до здравјето, па потоа поради корона, другите дејности во медицината не работат или работат со намалени капацитети. Сè е донекаде затворено. Сега не можеме да се контролираме како порано. Или можеме ама помалку. Како и целиот останат свет, така се чувам и јас. Светот се бори и јас заедно со него“, Велисављевиќ.

Тој се заболел од корона, откако ги примил двете дози од кинеската вакцина. На 21.јануари ја примил првата доза од кинеската вакцина, иако сакал руска.

Во разговор за медиумите изјавил дека електронски се пријавил за руската вакцина, но медицинските работници му предложиле да ја прими кинеската, нешто на што тој се согласил.

„Преку „еУправе“ се пријавив за вакцинација. По два дена добив телефонски повик и некој ме извести дека моето барање е прифатено и дека треба да дојдам во Домот за здравје „Савски венац“ утрото. Така и направив. Се појавив таму и чекав ред. Бев најстар од сите. Се определив за руската вакцина, но не можев да ја примам. Медицинарите ми рекоа дека таа не може да се дава на постари од 76 години, а јас имам 94. Им реков на лекарите: Сакам руска поради познатиот руски писател и лекар Антон Павловиќ Чехов. Мислев дека ќе ме разберат, но никој изгледа не ме разбра. Малку се шегував. Искрено да ви кажам сеедно ми е која вакцина е во прашање. Важно ми е да се заштитам од коронавирусот и да бидам здрав“, изјавил Велисављевиќ за своето искуство за Нова.рс.

Share
Scroll to Top