Aктерот Дилан Мекдермот по пола век ја разоткри мистеријата за смртта на неговата мајка

Aктерот Дилан Мекдермот по пола век ја разоткри мистеријата за смртта на неговата мајка

пред 3 години

Американскиот актер Дилан Мекдермот (59), познат по улогата на детектив во серијата „Закон и ред“, по пола век ја разоткри мистеријата околу смртта на неговата мајка Дијана. Тој вели дека таа била застрелена од нејзиниот дечко.

Дилан останал без мајка му во 1967 година, кога тој имал само пет години. Иако не го видел убиството, тој бил главниот сведок во случајот. Дечкото на Дијана, Џон Спонзор, бил зависник од хероин. Пред да ја застрела Дијана, тој го исфрлил Дилан во дворот.

Мајката на Дилан починала брзо потоа, но Дилан за нејзината смрт дознал дури година дена подоцна, затоа што неговата баба сакала да го поштеди од вистината. Полицијата која го водела случајот неколку децении, на крајот напишала дека се работело за несреќен случај.

Во 2011 година Дилан повторно побарал да се отвори истрага. Му било чудно тоа што Џон тврдел дека го чистел пиштолот, додека Дијана правела вечера, а потоа да го промени исказот и да каже дека таа се самоубила.

Проблемот бил во тоа што Дијана била деснак, а раната која ја усмртила се наоѓала на левата страна на вратот, па било невозможно самата да си го одзела животот.

Службените досиеа и фотографии од тој период се изгубиле или исчезнале, а Џон пет години по смртта на Диана бил најден мртов во багажник во автомобил во Масачусетс, па било невозможно да биде испрашан. Сепак, кога се испрашале сведоците и кога се прегледале исечоците од медиумите, детективите сфатиле дека Џон бил убиецот, но истовремено откриле дека тогашната полиција ја сокрила неговата вмешаност.

Подоцна се открило дека таткото на Џон бил чувар во затворот и дека тој успеал да го извлече без никакви проблеми, а имал и полициски доушник. Полицијата за медиумите открила зошто актерот по толку години одлучил повторно да побара да се истражи нејзината смрт.

„За да можел да преживее и да успее таму каде што е денес, Дилан во една точка од својот живот морал тој страшен момент да го закопа длабоко во себе. И самиот актернеодамна рече дека неодамна сфатил дека во него има храброст да може повторно да мине сето тоа низ кое како дете го преживеал“, пренесоа некои од медиумите.

 

 

Share
Scroll to Top