Croatia Осигурување со засилени теренски активности по невремето во Скопје

Croatia Осигурување со засилени теренски активности по невремето во Скопје

пред 10 часа

По силното невреме што вчера го зафати Скопје, екипите на Croatia Осигурување АД-Друштво за неживотно осигурување уште од раните утрински часови се на терен, каде вршат увид на пријавените штети и интензивно работат на нивна брза обработка. Компанијата ги презема сите неопходни активности за што побрза процена и обработка на штетите, со цел осигурениците навремено да ја добијат потребната поддршка.

„Свесни сме дека ваквите временски непогоди носат големи предизвици и непредвидени ситуации. Наш приоритет е секоја пријава на штета да биде обработена професионално, ефикасно и без непотребно одложување, за да им помогнеме на нашите осигуреници токму тогаш кога им е најпотребно. Нашите тимови се на терен уште од раните утрински часови и ќе продолжат да работат сѐ додека секој клиент не ја добие потребната поддршка“, изјави Кољо Георгиев, раководител на Одделението за процена на штети во Croatia Осигурување АД-Друштво за неживотно осигурување.

Од компанијата информираат дека екипите остануваат на терен 24 часа дневно и се во постојана комуникација со осигурениците, со цел сите пријавени штети да бидат обработени во најкус можен рок.

За сите граѓани кои сѐ уште не ја пријавиле штетата, а имаат потреба од тоа, пријавата може брзо и едноставно да се направи онлајн преку www.crosig.mk/prijavi-steta или во која било филијала на Croatia Осигурување.

Croatia Осигурување останува посветена на обезбедување брза, ефикасна и професионална поддршка за своите клиенти, особено во ситуации кога таа е најпотребна

Share
Scroll to Top