Jокиќ урна бројни рекорди и го однесе Денвер до првата нба титула

Jокиќ урна бројни рекорди и го однесе Денвер до првата нба титула

пред 2 години

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ му ја донесе на Денвер првата НБА титула во 47 годишната историја. Центарот постигна 28 коша во решавачкиот петти меч против Мајами кој го доби со 94:89 и беше прогласен за најкорисен играч МВП на финалето на плеј-офот. Денвер ја доби финалната серија со 4:1.

„Работата е завршена, можеме да си одиме дома“, рече Јокиќ по натпреварот.

Дваесет и осумгодишниот кошаркар во финалето имаше просек од 30,2 поени, 14 скокови и 7,2 асистенции по натпревар. Стана прв во историјата кој во постсезоната постигнал 600 поени, имал најголем број скокови 269 и 190 асистенции. Собори 56 годишен рекорд со десет трип-дабл учиноци во плеј-офот.

„Ова е резултат на неверојатниот напор на целиот тим. Затоа кошарката е забавен спорт, никогаш не можеш да кажеш што ќе се случи. Среќен сум што го добивме овој меч“, рече Јокиќ.

За потсетување Јокиќ во САД дојде преку белградскиот клуб Мега визура, каде што и ја почна професионалната кариера. Денвер го избра како 41. пик на драфтот во 2014, со што стана најниско рангираниот избор на драфтот кој бил прогласен за МВП на финалето.

Share
Scroll to Top