Македонската публика ја запозна турската актерка Дениз Чакир како дел од сериите „Кога лисјата паѓаат“ и „Сулејман Величествениот“.
Родена е на 31 декември 1981 година во Анкара, а по завршувањето на школувањето се преселила во Истанбул каде ја започнала актерската кариера.
Нејзиниот љубовен живот често го привлекуваше вниманието на јавноста, а актерката ја поврзуваа со бројни познати мажи, но среќата ја најде кај ИТ експертот Билгехан Бајкал.
Двајцата, по две години врска, се венчаа на 10 септември 2023 година, на интимна церемонија во хотел што често се користеше за снимање сцени од венчавки во ТВ емисии и филмови, поради неговиот бајковит амбиент.
По серијата „Сулејман Величествениот“ во која го толкуваше ликот на Султанија Шах, немавме можност да ја видиме во некое ново дело, а Дениз е многу активна на социјалните мрежи, па нејзините фанови имаат можност да видат како таа изгледа денес.
Она што најмногу и го кажуваат во коментарите е дека плени со својата убавина, а со текот на времето станува се’ поубава.