Kако да се заштитите од коронавирусот во вашите домови

Kако да се заштитите од коронавирусот во вашите домови

пред 4 години

Медицинскиот аналитичар Леана Вен, лекар и професор, за Си-ен-ен објасни за опасноста од коронавирусот и начинот на кој најлесно и најбрзо можете да се заштитите од истиот.

Едно неодамнешно истражување на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажало дека инфекцијата меѓу членовите на домаќинството се случува брзо.

Над половина од луѓето (53%) кои живееле со некој кој се борел против Ковид-19 се заразиле за една недела. Приближно 75% од овие секундарни инфекции се случиле во рок од пет дена од почетните симптоми кај првиот пациент.

Помалку од половина од заразените членови на домаќинството имале симптоми во моментот на откривањето на инфекцијата.

Доктор Тања Алтман, главен уредник на Американската академија за педијатрија, вели дека е вистински предизвик луѓето да останат изолирани од другите членови на домаќинството.

Ова особено важи за лица кои жиеат во мал простор или имаат деца во куќата.

„Ако имате постар член со ослабен имунолошки систем дома, потребно е да го изолирате во едната страна на куќата за децата и сите други не бидат во негова близина“, вели Алтман.

Експертите препорачуваат основните потреби и производи да ги нарачувате преку интернет или, пак, да ги замолите ваши блиски членови да ви ги донесат. Така на пример може да ви донеат  термометар и средство за чистење, лекови за намалување на треска, кутија со гумени или латекс ракавици за еднократна употреба и маски за лице, обичен сапун и средство за дезинфекција на рацете заснован на 70% алкохол, марамчиња, редовен прибор за чистење, ракавици за кујнско чистење и вреќи за ѓубре, дезинфициенси за чистење.

Експертите препорачуваат и да носите маски и да се дезинфицирате.

„Секој во куќата треба да има маска на лицето, освен ако вие или вашата сакана немате проблеми со дишењето“, велат од „ЦДЦ“.

Share
Scroll to Top