Maja Балова Интернационал дел од Beauty Expo 2026, најголемиот саем за убавина

Maja Балова Интернационал дел од Beauty Expo 2026, најголемиот саем за убавина

пред 4 часа

Maja Балова Интернационал дел од Beauty Expo 2026 – најголемиот саем за убавина Академијата за едукација во областа на трајната шминка Maja Балова Интернационал ќе биде дел од престижниот саем за убавина Beauty Expo, кој ќе се одржи од 3 до 5 април во хотел Александар Палас – Скопје.

Како официјален едукатор и дистрибутер за Македонија на светски познатите PMU брендови BROVI PMU INK и FACE, академијата ќе ги претстави најновите иновации во пигментите за трајна шминка, како и современите техники кои поставуваат нови стандарди во индустријата. BROVI PMU INK е препознатлив по својата стабилност, прецизност и предвидливи резултати, што го прави прв избор на професионалците ширум светот.

Брендот FACE, пак, од своето основање во 2016 година, со јасна визија за создавање сигурни и практични пигменти, денес обединува над 100 врвни експерти со заедничка мисија – развој на најдоброто за PMU индустријата. Посетителите на саемот ќе имаат можност: – одблиску да се запознаат со производите – да добијат стручни совети и консултации – да се информираат за програмите за професионална едукација – да остварат директна комуникација со Maja Балова и нејзиниот тим .

Со долгогодишно искуство, интернационални сертификати и едукации на стотици курсисти, Maja Балова Интернационал претставува симбол за квалитет, професионализам и континуиран развој во PMU индустријата. Beauty Expo е настан кој ги обединува најдобрите од регионот и пошироко, а присуството на Maja Балова Интернационала е уште една потврда за значајната улога што македонските професионалци ја имаат на светската сцена.

Од 3 до 5 април во Александар Палас, Скопје овој тим Ве очекува на нивниот штанд – место каде знаењето, квалитетот и уметноста се спојуваат.

Share
Scroll to Top