Oлдтајмери специјално донесени од 10-тина европски држави и САД ќе пристигнат во Скопје

Oлдтајмери специјално донесени од 10-тина европски држави и САД ќе пристигнат во Скопје

пред 14 часа

По седумдневно патување низ две држави и поминати 1.060 километри денеска завршува Бахус класик релито. 20-тината олдтајмери специјално донесени од 10-тина западноевропски држави и САД денеска во попладневните часови ќе пристигнат во Скопје.

Олдајмерите, од кои поголемиот дел за првпат донесени на овие простори, од 17:30 часот ќе бидат изложени во кругот на хотелот Хилтон во Скопје.

Во изминатите денови олдтајмерите означени со логото на Бахус класик, патуваа низ Македонија и Грција посетувајќи ги Штип, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Битола, Бигорскиот манастир, Лутраки бањите и Халикиди.

Вакво меѓународно рели од премиум ранг се одржува за првпат на овие простори. Целта на организаторите беше да се прикаже земјава како нова дестинација за релија од овој тип и да се промовира државата како туристичка атракција.

Релито е впишано во календарот на Светската асоцијација на историски возила (FIVA) која обединува повеќе од 2,5 милиони љубители на олдтајмери од повеќе од 70 држави. Во календарот на (FIVA) има околу 20 настани од овој тип, а Бахус класик релито е едно од нив.

Share
Scroll to Top