Ohrid Wine Festival Vol. 5 започна со одлична атмосфера и бројни посетители

Ohrid Wine Festival Vol. 5 започна со одлична атмосфера и бројни посетители

пред 6 часа

Првата вечер од Ohrid Wine Festival Vol. 5 помина со голема посетеност, одлична атмосфера и бројна публика на Кеј Македонија во Охрид. Настанот, кој започна вчера и ќе трае до 27 јуни, уште од првата вечер го привлече вниманието на охриѓани, туристите и посетителите кои уживаа во македонско вино, музика, гастро понуда и летно дружење покрај езерото.

Кеј Македонија беше исполнет со посетители кои имаа можност да дегустираат исклучиво македонски вина од домашни винарии и производители, со што фестивалот уште еднаш ја стави во фокус домашната винска приказна. Покрај винската понуда, публиката уживаше и во музичката програма, која првата вечер ја одбележаа настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија.

Ohrid Wine Festival Vol. 5 продолжува и вечерва, со нова програма и уште една можност за посетителите да бидат дел од фестивалската атмосфера на отворено.

Фестивалското дружење започнува во 19:00 часот, а музичката програма стартува во 20:00 часот со настапот на Брос Марама. Во 21:30 часот ќе настапат Ѓоко Ѓорчев со Кате Танева, во 23:00 часот Куку Леле, додека во 00:30 часот програмата продолжува со Пауза за ракија.

Фестивалот и годинава има за цел да ги поврзе македонското вино, домашната музичка сцена, гастро понудата и летната енергија на Охрид. Во следните две вечери, Кеј Македонија останува место за дегустација, дружење, музика и раздвижена летна атмосфера покрај езерото.

Ohrid Wine Festival Vol. 5 продолжува до 27 јуни на Кеј Македонија во Охрид. Завршната вечер ќе ја одбележат Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолски камерен оркестар и Суперхикс.

Share
Scroll to Top