Авторот на книгата „Тито – мојот последен херој“, Зоран Спасов – Sоф и „Арс Ламина“ се најголеми донатори на СОС Дестко село за 2021 година, за што неодамна ја примија и плакетата. СОС Детското село се грижи за 590 деца, млади и семејства и овозможува поддршка на децата и младите без родители и родителска грижа, како и остварување на целите преку мисијата „Ниту едно дете не семее да расте само”.
Авторот Спасов-Ѕоф одлучи приходот од продажбата на својата книга да го донира токму во СОС Детското село. „Во генот на секоја единка е да биде хумана и доблесна и тоа не е воопшто тешко да се направи. Овој човечки гест, да го отстапам приходот од мојата книга во добротворни цели, нема никаква позадина. Мојата лична донација не ја сметам за голема, но голем е одговорот на јавноста, преку купување на овој роман, да помагаат на оние на кои им е најмногу потребна помош. Идејата е едноставна – читателот донира во СОС Детско село и добива бесплатна книга. Тоа нека биде перцепцијата. Колку мал гест за еден обичен човек, а колку голем и важен за најранливата категорија – децата“, вели Спасов-Ѕоф.
За остварување на овие цели од исклучителна важност е индивидуалната филантропија, вели авторот на „Тито – мојот последен херој“ и додава: Тука е можноста секој поединец да споделува вредности со некоја хуманитарна мисија. Алберт Ајнштајн ќе рече дека „големината и вредноста на човекот лежи во она што го дава, а не во она што е способен да го прими“. Според него, никој не ја живее сегашноста доколку не дал некому нешто без да го врати тоа. И она што е најважно, давањето никогаш нема да нè осиромаши.