„Shred the Stage 2026“ во потрага по најдобриот гитарист: Пријави до 31 октомври, финале во декември

„Shred the Stage 2026“ во потрага по најдобриот гитарист: Пријави до 31 октомври, финале во декември

пред 3 часа

Отворени се пријавите за „Shred the Stage 2026“, натпревар за гитаристи во организација на „ДоРеМи“, JET Guitars и Spira Guitars. Настанот, кој организаторите го најавуваат како прв од ваков вид, им нуди можност на учесниците да ги покажат своите технички вештини, креативност и препознатлив стил на свирење.

Заинтересираните треба да пополнат формулар за пријавување и да достават видео од својата изведба во траење до три минути. Може да се пријават со оригинално соло, импровизација или авторска композиција, а видеото треба да го испратат како линк преку YouTube, Google Drive, WeTransfer или SwissTransfer.

Рокот за пријавување е 31 октомври 2026 година, а имињата на финалистите ќе бидат објавени на 15 ноември.

Избраните гитаристи ќе настапат во живо на завршниот натпревар, закажан за 16 декември 2026 година. Локацијата ќе биде соопштена дополнително.

Во финалето, секој учесник ќе избере една композиција од понудениот избор што ќе го подготват организаторите и жирито. Преку настапот, финалистите ќе треба да ги покажат своите технички способности, музичка креативност и личен израз пред публика и жири.

За тројцата најдобро пласирани се предвидени награди:

  • Прво место: гитара Spira S-420.
  • Второ место: гитарско засилувачко комбо Line 6 Catalyst CX60.
  • Трето место: гитарски процесор NUX MG-400.

Натпреварот е наменет за сите гитаристи кои сакаат да го претстават својот талент и љубовта кон инструментот, а воедно да се испробаат и на сцена.

Пријавувањето е во тек. Формуларот и дополнителните информации за учество се достапни на официјалната фејсбук-страница на „До Ре Ми“.

Share
Scroll to Top