„Urban Armour“: Модна ревија во аулата на Филолошки Факултет

„Urban Armour“: Модна ревија во аулата на Филолошки Факултет

пред 47 минути

Изминатиот викенд, на 29.11.2025 година, во аулата на Филолошки Факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа модна ревија под називот „Urban Armour“ (“Урбан штит”) – дел од истоимениот иновативен културен проект.

Автор на проектот е Татјана Гиновска која преку “Urban Armour” работи на афирмација на архитектонската вредност на бруталистичкото наследство и негово пренесување во полето на современиот визуелен дизајн и културен дискурс.

Ментори на проектот „Urban Armour“ се двајца исклучителни професионалци од модната сцена: Никола Булески, моден дизајнер и визионер познат по чисти линии, современи концепти и дисциплиниран пристап кон формата и Александар Ношпал, едно од најпрепознатливите имиња во македонската мода, со авангарден израз, повеќедецениско искуство и силно влијание врз локалната модна естетика.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, во рамки на Програмата за поддршка на креативни индустрии.

Share
Scroll to Top