Вечерва (понеделник, 20:00 часот) во шоуто „Јанко Јади Бурек” на ТВ Сонце ќе гостува авторот на романот „ТИТО – мојот претпоследен херој” Зоран Спасов Sоф.
Емисијата е по повод огромниот интерес за овој бестселер во изминатите неколку дена, како и големата галама што се направи на социјалните мрежи. Водителот Јанко Илковски веќе најави дека се работи за микс на интервју, сведоштво, дебата и исповед, како и дека ќе се отвори Пандорината кутија во која сеуште се закопани некои прашања за Македонија и нејзината историја.
Се надеваме дека ќе бидат откриени и многу контроверзни факти за Тито и Југославија што се дел од неговата последна исповед.