Yon Idy - странецот од Скопје

Yon Idy – странецот од Скопје

пред 3 години

„Како од Скопје?!“, „Па, ова звучи светски!“, „Мислев дека е некој странец“, „Светско, а наше“ – се дел од реакциите на луѓето кога ќе дознаат дека тој е домашен артист.

Yon Idy, кантавтор од Скопје, ќе настапува в недела на фестивалот „Таксират“, кој ќе се пренесува онлајн и на МТВ 3 цели 13 часа почнувајќи од 11 часот. Тој ќе настапува со свои оригинални песни што ги објавил досега, како што се Gentle, Walking the Line of Love, Waste No Love, Back Around, вклучувајќи ја и неговата прва објавена песна Hold Me Close.

Другата половина од репертоарот ќе биде исполнета со песни што ќе ги изведува првпат. Според Јон, ова претставува посебна можност, вистинско место да го претстави својот труд, создаден во текот на изминатите неколку години.

„Тоа е сцена на која во изминатите години настапувале артисти од целиот свет, концерти на кои сум присуствувал, на кои сум уживал и сум можел да видам нешто ново. Возбудлива е идејата дека и јас ќе бидам дел од оваа сцена. Како што се ближи денот, чувството станува сѐ повеќе надреално, ми се укажа можноста што ја чекав – да настапувам пред домашната публика“, вели Јон,
артистот за кого сите мислат дека е странец. Веројатно, тоа е комплимент, но поважно е да го препознаеме овој талент, кој е меѓу нас. Следете ја неговата изведба и воодушевете се колку што ние се воодушуваме кога го слушаме.

Share
Scroll to Top