Авалон ја носи „Лепа Брена“

Авалон ја носи „Лепа Брена“

пред 2 години

На 1 април во Филхармонија ќе се одржи хит-претставата „Лепа Брена проект“ на белградскиот Битеф театар. Претставата ги руши рекордите на посетеност и бележи успех во целиот регион, а сега првпат ќе игра во Македонија. Популарната претстава во Скопје ја носи „Авалон“, како дел од нивниот јубилеј, 30 години постоење“

„Беше некогаш една земја. Југославија. Во таа земја, Лепа Брена не беше само најголема музичка ѕвезда, туку и симбол на шоу-бизнисот и просперитетот. Преку нејзината кариера, Брена ги проследи сите социјалистички и пост-социјалистички трансформации, економски растoви и падови, распадот на земјата, војната, дури и носталгијата за таа земја која секој ден е сè поголема. ‘Лепа Брена проект’ се бави со последните децении на овие простори, гордоста и болката, разочарувањето и надежта и со нас самите“, вели организаторот и додава дека гледачите ќе можат да уживаат во многу танц и музика на сцената, а не во класична претстава.

Влезниците ќе бидат во продажба од 24 февруари по цена од 800, 1.000 и 1.200 денари.

 

Share
Scroll to Top