Австриските пожарникари кои летото ги гаснеа пожарите во Малешевијата, испратија пакетчиња за децата во Пехчево

Австриските пожарникари кои летото ги гаснеа пожарите во Малешевијата, испратија пакетчиња за децата во Пехчево

пред 3 години

Австриските пожарникари кои лани летото ги гаснеа пожарите во Малешевијата, им испратија новогодишни пакетчиња на децата од Пехчево. Тие ги изненадија со Дедо Мраз и им испратија порака никогаш веќе да не се повторат пожарите во кои изгореа илјадници хектари шума во Пехчевско и Беровско, пренесе МИА.

„Тоа се луѓе со огромни души, луѓе спремни да се жртвуваат, хумани луѓе, херои на денешницата. Со испраќањето на овие подароци пожарникарите покажуваат дека пријателствата кои ги стекнаа ќе траат вечно. Им благодариме за сè“, вели Александар Бојчевски од Пехчево.

Еден од пожарникарите, Маркус Еберхарт, со фотографија од противпожарно возило преку социјалните мрежи најави поддршка за градот Пехчево.

„Здраво луѓе на Пехчево, ви посакувам среќна Нова година и ви давам мал поглед на она што ќе се случи во 2022 година. Повеќе информации за донацијата ќе соопштиме наскоро“, напиша тој.

Австриските пожарникари дојдоа да помогнат во гаснењето на пожарите летото 2021 година, а беа стационирани на Градскиот стадион во Пехчево.

Share
Scroll to Top