Адел им забрани на невакцинираните да ѝ дојдат на концерт

Адел им забрани на невакцинираните да ѝ дојдат на концерт

пред 3 години

Пејачката Адел им забрани да ѝ дојдат на концерт сите кои не се вакцинирани. Таа смета дека ситуацијата со коронавирусот бара построги мерки, па на нејзините концерти во иднина ќе можат да присуствуваат само оние кои се вакцинирани.

„Премногу е непредвидлива ситуацијата. Не сакам да има уплашени гости во публиката. А и јас не сакам да се заразам“, рече Адел.

Организаторите објаснија дека потребно е само да се има документација дека сте примиле вакцина за да може да влезете.  Сите мора да бидат целосно вакцинирани 14 дена од последната вакцина и да имаат негативен тест на Ковид-19, не постар од 48 часа.

Новиот албум на Адел ги сруши сите рекорди. Тој е прораден во 261.000 примероци и стана најпродаваниот албум во оваа година. Пејачката ја престигна и шведската поп група АББА, чиј нов албум Voyage досега го држеше рекордот со 204.000 продадени примероци.

Сепак ни приближно не го престигна сопствениот рекорд од 2015 година, со албумот „25“. Нејзиниот претходен албум во првите недела дена е продаден во 800.000 примероци.

Една од причините е и популарниот стриминг сервис, а „25“ во првите 6 месеци не беше достапен на истите, поради што се одрази и на продажбата.

 

Share
Scroll to Top