Актерката ја критикуваат поради забите, таа им одговори: „Тоа е мојата супермоќ“

Актерката ја критикуваат поради забите, таа им одговори: „Тоа е мојата супермоќ“

пред 6 часа

Ејми Лу Вуд (31), ѕвездата од третата сезона на популарната серија на HBO „Белиот лотос“, се најде во центарот на вниманието не само поради улогата, туку и поради бројните коментари за нејзиниот изглед – поточно забите.

Актерката од „Белиот лотос“, Ејми Лу Вуд, која направи кариера покрај некои од најголемите холивудски ѕвезди, признава дека на почетокот тоа било прилично културен шок за неа.

„Овие луѓе живеат во Холивуд. Јас живеам во мојот мал стан во југоисточен Лондон“, изјави Ејми за „Холивуд репортер“.

„Толку сум Британка во мојот менталитет што не бев сигурна како да се справам со толку многу луѓе кои се толку отворени и самоуверени. Јас, од друга страна, цело време само се исмејувам себеси”, додала таа.

„Дури и начинот на кој обожавателите на „Белиот лотос“ зборуваат за мене и за моите заби – дека немам фасети или ботокс – изгледа малку бунтовно“, рече таа.

Токму ова ново ниво на самодоверба ѝ донесе улога во „Белиот лотос“. Имено, Ејми е голем љубител на серијата уште од првата сезона, а кога дозна дека на снимањето на втората сезона учествува нејзиниот поранешен режисер од „The Electrical Life of Louis Wain“, Вил Шарп, решила и самата да се обиде да влезе во проектот.

Покрај професионалниот успех, таа укажува и на личниот раст што го доживеала во текот на годините на работа во индустријата.
„Долго време во животот се грижев дека сум чудна. Сега сфаќам дека можеби тоа е мојата супермоќ“, рекла таа.

Share
Scroll to Top