Зошто се дебелееме по четириесеттата: Менопаузата не е виновна...

Активности кои трошат калории како и вежбањето

пред 3 месеци

Една неодамнешна студија спроведена од експерти од Универзитетот „Лафборо“, покажала дека гледањето спорт може да има исто толку позитивно влијание врз вас како и занимавањето со истиот. Но, постои листа активности кои се исто така ефикасни и може да ве доведат до губење на тежината.

Косење на тревата

Откриено е дека косењето трева може да согори до 400 калории на час. Докажано е дека делува на вашиот грб, колкови, трупот, колената, трицепсите и рамената. Притискањето на косилката помага да се изгради сила на целото тело, како и издржливост додека согорувате калории. Се смета дека е исто толку добра активност како и пливањето.

Играње со деца

Ова е веројатно поочигледно, но трчањето по децата е одличен начин да согорите калории. Скокањето наоколу, трчањето, фрлањето и фаќањето предмети, па дури и туркањето на лулашки му помага на вашето тело. Се проценува дека играњето на со деца може да согори до 356 калории на час.

Возење

Сите тие часови поминати во автомобил до и од работа може да се покажат како подобри за вас отколку што мислевте. Возењето автомобил со рачен менувач помага да се подобри координацијата рака-око. На сличен начин како и боречките вештини, малите и прецизни движења помагаат во координацијата, а фокусирањето на патот може да помогне во рамнотежата и концентрацијата. Оваа активност може да ви помогне да изгубите до 250 калории на час.

Топла бања

Едночасовна топла и релаксирачка бања може да биде исто толку добра, како и еден час пешачење. Експертите откриле дека 60 минути лежење во бања на 40 степени може да помогне да се зголеми внатрешната температура и стапката на метаболизам. Може да согорува до 130 калории на час, а исто така е докажано дека помага во намалување на нивото на шеќер во крвта.

Миење на автомобилот

Миењето на автомобилот е уште една практична задача која сигурно согорува калории. Со носење полни кофи со вода и миење на нечистотијата, можете да согорите дури 400 калории на час и тоа е исто толку ефикасно како веслање за еден час.

Менување постелнина

Се покажало дека менувањето на чаршафите согорува до неверојатни 75 калории за само 15 минути, што е околу 300 калории за оние кои живеат во куќа со четири кревети. Се покажало дека е исто толку плодно како брзото одење или јогата.

Купување

Додека шетате низ локалниот супермаркет реализирајќи го вашиот неделен шопинг, можете да размислувате за согорување калории. Докажано е дека туркањето на количка и прелистувањето на полиците согорува исто толку калории, како и возењето велосипед.

Share
Scroll to Top