Актерот Ал Пачино ужива на романтична вечера во италијански ресторан со неговата девојка, Нура Алфала телевизиска продуцентка која е 53 години помлада од него.
Ал Пачино (82) и Нур (29) првпат беа видени заедно во април оваа година, а нивната романса очигледно се уште трае, иако ниту еден од нив не се огласил за тоа.
И двајцата беа во црно од глава до пети. Атрактивната продуцентка секогаш се облекува идентично, со партнерот, и овојпат не направила исклучок одбрала тесни хеланки, чизми до колена и кроен топ со долги ракави.
Пред аферата со Нур, познатиот оскаровец беше во врска со Мејтал Дохан, со која раскина во 2020 година поради разликата во годините. Имено, таа била четири децении помлада од Пачино.
Алфала во минатото беше во врска со Мик Џегер (78), а парот раскина во 2017 година. Во 2019 година ја поврзуваа и со Клинт Иствуд (91), но на крајот тврдеше дека се само пријатели.
Нур во едно интервју откри дека луѓето навистина ја коментирале нејзината врска со Џегер, но дека не жали за ништо и дека има многу убави спомени од таа романса.