Холивудскиот глумец Џорџ Клуни ги негираше шпекулациите кои се шират во јавноста дека ќе се разведе од неговата сопруга, познатата адвокатка за човекови права, Амал Клуни.
Тој во интервју за AARP, откри како ја одружва романтиката во врската со Амал и вели дека секој ден и пишувал романтично писмо и го оставал на нејзината маса или под јастукот, за таа подоцна да се изненади кога ќе го прочита.
„Многу верувам во писмата. Имам писма од Пол Њуман, Валтер Кронкит, Грегори Пек. Сите ги имам врамени и закачени на ѕид. Ако беа тоа испринтани документи, немаше да ми значат толку. Можеби тоа е работа на нашата генерација и можеби ваквите работи ќе изумрат за 20 години, но мене ми значат многу“, изјавил Клуни.
Глумецот вели дека Амал е голем обожавател на рачно напишаните писма и дека заедно почнале да пишуваат писма и за своите деца, тригодишните близнаци Ела и Александар, кои ќе ги прочитаат кога ќе потпораснат.
Тие веруваат дека нивните деца еден ден ќе им биде драго што ќе имаат нешто за спомен од нивните родители. За потсетување, Клуни неодамна ги негираше сите шпекулации дека неговиот брак е пред крај. Тој признал колку животот му се тргнал на подобро откако ја запознал Амал.
„За првпат во животот работите кои и се случуваат на Амал, ми станаа поважни од она што ми се случува на мене“, изјавил тој.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Четири хороскопски знаци со најлош вкус за мажи
Почина таткото на Ричард Гир, семејството на глумецот со емотивна порака се простија од него
Ал Пачино на 81. има нова девојка 53 години помлада од него
Се разведува глумецот Вилијам Леви, кој ја изневери сопругата со 80 жени
(Видео) Фотографи од целиот свет ја снимија крвавата Месечина
Атлетичарот Дарио Ивановски е нов балкански шампион на 3.000 метри
