Популарната американска блогерка и авторка Сузана Б. Луис изводи десет знаци по кои може да се препознаат незрели жени со кои е тешко да се биде во брак. Инспирирната од објаснувањето дека „бракот е тешка работа“ таа наведува десет особини на жените со кои е тешко да се биде во брак иако смета дека и мажите знаат да ја направат врската тешка за одржување.
- Сакаат да прават драми
Луис верува дека претераното реагирање и лутење поради мали нешта, како што е облеката оставена на подот, создаваат непотребна тензија.
„Важно е во бракот да ги изберете вашите битки и да не ја претворате секоја мала работа во драма бидејќи таквото однесување е исцрпувачко за сите вклучени на долг рок“, вели таа за „Јуартанго“.
- Не простуваат
Грешките се неизбежни во долгорочна врска, но постојаното повторно навраќање на старите проблеми откако веќе е кажано простувањето ја продлабочува фрустрацијата.
Простувањето без вистинско отпуштање на минатото, Луис верува, дека ја напрега врската.
- Наредби
Луис смета дека потребата од постојана контрола и управување со партнерот ја нарушува рамнотежата во бракот.
На возрасните партнери не им треба надзор или постојани инструкции за тоа како да направат нешто.
- Несигурност и откривање на приватни работи
Споделувањето на приватните проблеми на партнерот со други или на социјалните мрежи, според Луис, претставува сериозно кршење на довербата.
Таквото однесување создава нови конфликти и отуѓување на долг рок.
- Постојано жалење
Постојаните критики и додевања, дури и кога започнуваат како добронамерно потсетување, брзо стануваат заморни.
Овој начин на комуникација, Луис вели дека создава отпор наместо разбирање.
- Потребата секогаш да се биде во право
Отфрлањето на мислењата на партнерот и верувањето дека сопствените идеи се секогаш најдобри покажува затвореност, смета Луис.
Бракот бара компромис и подготвеност да се почитува туѓата перспектива.
- Лоша комуникација на потребите и желбите
Очекувањето партнерот да „знае“ што сака или што ѝ треба на другата страна честопати води до разочарување.
Јасната и директна комуникација, според Луис, е основа на здрава врска.
- Одбивање да се извините
Непризнавањето на вашите грешки и избегнувањето на извинувањата создава чувство на супериорност и неправда.
„Ако знаете како да се извините, тоа е знак на емоционална зрелост“, вели авторката.
- Прекумерна контрола врз вашиот партнер
Иако е нормално да се грижите за вашиот партнер, Луис предупредува дека постојаното следење, испрашувањето и потребата да се гледа секој потег на вашиот партнер може да стане товар и да го направи бракот потежок отколку што треба да биде.
- Незрелост
На крајот на краиштата, Луис вели дека испадите на бес, тврдоглавоста, одбивањето да се извините, недостатокот на комуникација и потребата да се контролира сè укажуваат на незрелост.
„Лошите бракови не секогаш се резултат на големи престапи, туку често затоа што врската станува премногу тешка – понекогаш токму поради однесувањето на партнерите“, заклучува таа.
Текстот Американска блогерка и авторка издвои десет особини на жените со кои e невозможен брак е превземен од МАКФАКС.





