Американската војска забележа неидентификуван објект над небото на Хаваи. Како што пренесоа тројца неименувани официјални лица, во тек е следење на мистериозните балони, кои засега не е познати чиви се. НЛО прелета над некои делови на Хаваи, но не е забележан лет над чувствителни подрачја.
Извори пренесоа дека војската го следи летот на објектот уште од минатата недела, но додаде дека истиот не претставува опасност по воздушниот сообраќај, ниту по националната безбедност. Според зборовите на еден од официјалните лица, засега не е утврдено дека балонот емитува некакви сигнали на комуникација.
Сепак, во овој момент не е можно да се утврди дали е во прашање метеоролошки балон или нешто друго. Наводно балонот е во домет, така што Американците можат да го соборат доколку сакаат. Објектот за кој се чини дека нема маневарски способности, полека се движи кон Мексико, додадоа изворите.
Американските официјални лица не веруваат дека е Кинески, но и понатаму работат на идентификација на сопственикот. Портпаролот на Советот за национална безбедност, новинарите ги упати кон Министерството за одбрана, кое засега се нема огласено.
За потсетување, кинески шпионски балон прелета делови на САД на почетокот на февруари, пред да биде соборен кај брегот на Каролина. Уредот успеал да собере известувачки податоци од неколку чувствителни воени локации и покрај напорите на администрацијата на Бајден тоа да го спречи.
За потсетување, Американците во февруари собори најмалку четири летечки објекти над нејзина територија.