Американскиот рапер Слим е убиен пред неговиот дом

Американскиот рапер Слим е убиен пред неговиот дом

пред 3 години

Хип-хоп пејачот и рапер Винсент Кохран, познат како Слим 400, е убиен во средата вечерта во Инглвуд пред неговиот дом. Мотивот за убиството и напаѓачите засега не се познати.

Слим 400 е роден во Германија, а како дете се пресели во Лос Анџелес и пораснал во Комптон. Неговиот талент го открила сега веќе непостоечката музичка куќа Pu$haz Ink, истата онаа која ги популаризираше YD i DJ Mustard.

Од полицијата соопштиле дека биле повикани да стигнат на местото на злосторот откако соседите слушнале пукања во околината. Кога стигнале тие во виделе Слим 400 со прострална рана пред влезот на куќата. За потсетување, тој за малку избегна смрт и во летото 2019 година во Лос Анџелес, кога бил застрелан дури 9 пати. Тогаш тврдел дека упаднал во заседа за време на неговата посета на семејството во Комптон.

Share
Scroll to Top