Ана Николиќ има нов дечко по разводот со Раста

Ана Николиќ има нов дечко по разводот со Раста

пред 3 години

Пејачката Ана Николиќ по разводот со Раста е во љубовна врска со успешен бизнисмен, пишуваат српските медиуми. Пејачката, наводно, се гледа со него околу три месеци, но не сака за тоа да се знае во јаноста.

„Ана е среќно заљубена, веќе некое време се гледа со момче, тој не е познат во јавноста. Тој е многу успешен бизнисмен кој води хотелски ланец. Таа никогаш не била спонзоруша, но тој реши да инвестира во нејзината кариера. Нивната врска е сè уште свежа, заедно се околу три месеци, па таа не сака да го покажува во јавноста“, рекол извор близок до пејчаката за „Свет“.

Наводно, Ана и бизмисменот се запознале преку заеднички пријатели, а тој ѝ понудил да го финансира издавањето на нејзиниот нов албум што треба да биде готов до есен. Ана, наводно, сака да направи и дует со Раста, а песната да ја посвети на нивната ќерка Тара.

Раста сè уште не се сретнал со партнерот на Ана, но во едно интервју тој призна дека не би се двоумел ако треба да ја запознае Ана со некоја нова девојка.

„Кога станува збор за љубовниот живот, тоа во моментов е статус кво. Бев посветен на себе и на мојата работа. Но, ако во иднина треба да ја запознаам Ана со мојата нова девојка, зошто да не, Ана секогаш ќе биде дел од мојот живот“, рекол тогаш Раста.

Share
Scroll to Top