Анџелина Џоли ја потврди врската со раперот? Актерката објави негова фотографија на инстаграм

Анџелина Џоли ја потврди врската со раперот? Актерката објави негова фотографија на инстаграм

пред 7 часа

Анџелина Џоли на Инстаграм профилот објави серија фотографии од нејзиниот креативен колектив Atelier Jolie, а на една од нив е раперот Акала, со кој актерката е поврзана веќе извесно време.

За време на викендот, раперот (40) присуствуваше на настан организиран од 49-годишната Џоли.

Џоли и Акала се видени заедно неколку пати, а извори за People изјавиле дека тие се само пријатели.

Сепак, се шпекулираше дека се забавуваат откако Акала им се придружи на Анџелина и нејзините ќерки Захара и Шајло на книжевниот фестивал Калабаш во Јамајка минатиот мај. Шест месеци подоцна тие беа заедно во Милано.

Гласините се засилија кога беа видени како заминуваат заедно од хотелот во Венеција каде актерката престојуваше за време на филмскиот фестивал во август. Во тоа време, In Touch напиша дека таа се гледа со раперот повеќе од една година.

Тој ѝ се придружи на Џоли пред два дена на премиерата на нејзиниот филм „Марија“ во Њујорк на филмскиот фестивал.

Share
Scroll to Top