Аријана Гранде подготвува изненадување за фановите: Доаѓаат документарец и концертен филм за нејзината турнеја

Аријана Гранде подготвува изненадување за фановите: Доаѓаат документарец и концертен филм за нејзината турнеја

пред 3 часа

Американската пејачка и актерка Аријана Гранде ќе им овозможи на обожавателите поглед зад сцената на нејзината турнеја „Eternal Sunshine“. Во декември на платформата „Пикок“ ќе бидат објавени документарец за подготовките и посебен концертен филм.

Документарецот „The Eternal Sunshine Diaries: The Making of the Tour“ ќе биде премиерно прикажан на 11 декември, а ден подоцна, на 12 декември, ќе следува концертниот филм „The Eternal Sunshine Tour“.

Првиот проект ќе ја прикаже подготовката на турнејата и креативниот процес зад настапите, додека концертниот филм ќе ѝ овозможи на публиката повторно да ја доживее музичката програма на пејачката.

Гранде неодамна сподели и кратка најава за проектот, со што го привлече вниманието на обожавателите што ги следеа нејзините настапи.

Турнејата „Eternal Sunshine“ започна во јуни во Оукланд, Калифорнија, а заврши во септември, по серија концерти во лондонската арена „О2“. Со неа пејачката се врати на турнеите по повеќегодишна пауза.

Share
Scroll to Top