Арон Тејлор Џонсон е еден од фаворитите за улогата на Џејмс Бонд

Арон Тејлор Џонсон е еден од фаворитите за улогата на Џејмс Бонд

пред 1 година

Британскиот глумец Арон Тејлор Џонсон е еден од фаворитите за улогата на новиот Џејмс Бонд. Според британските медиуми, Џонсон го импресионирал продуцентот Барбара Броколи на тајна филмска аудиција во студиото Pinewood.

dobivaj vesti na viber

„Арон учествувал на филмска аудиција за да стане идниот Џејмс Бонд во септември. Му се допадна на Барбара и останатите продуценти и е еден од фаворитите да го замени Даниел Крег“, рече анонимен извор за британси „Сан“.

Претходно главен фаворит беше Идрил Алба, но на крајот сепак се откажа. Кладилниците прогнозираа дека улогата за новиот Џејмс Бонд би можела да заврши кај Хенри Кавил, Реге Жан Пејџ, Том Харди, Џејмс Нортон или Чуетел Еџиофор.

Арон досега има глумено во филмовите Kick-Ass, Avengers: Age of Ultron and Godzilla, а кариерата ја почна во 2001 година кога глумеше во серијата „Армадило“. На јавноста и стана познат по улогата во биографскиот филм за Џон Ленон во 2009 година, Nowhere Boy.

За потсетување, Арон е оженет за продуцентката Сем Тејлор Џонсон, која го режираше филмот „50 нијанси во сиво“. Се запонзаа во 2009 година на сетот на филмот Nowhere Boy, во кој тој глумеше, а таа го режираше. Глумецот имал 19 години кога почна да излегува со 42 годишната режисерка. Во 2012 година се венчаа.

Денес имаат две деца. За разликата во години, за „Њујорк Магазин“, рече дека тоа е нешто со кое привлекуваат многу внимание во јавноста.

Share
Scroll to Top