На светот постојат милион обожаватели на „Ајфон“, кои редовно ги следат трендовите и сакаат да ги купат моделите и покрај високите цени. Сепак само тројца можат да си ги дозволат, затоа што само толку се пуштени во продажба.
Станува збор за моделите на руската компанија Caviar која го изработи „Ајфон 14 про“ и „Про Макс“, кои се со вграден часовник „Ролекс“. Овие часовници чинат околу 134.000 долари.
Часовникот се наоѓа на задниот дел од телефонот, а има и инструмент табла инспирирана од Сината птица на Кембел, тркачкиот автомобил од 1930-тите кој го постави светскиот брзински рекорд во Дејтон.
На таблата со инструменти има брзиномер, индикатор за масло и гориво и три прекинувачи, кои немаат посебна намена. Ставени се само за украс. Плочата е направен од 18-каратно злато и на неа има осум дијаманти. Сето ова се наоѓа на задната страна на мобилниот телефон кој е направен од титаниум.
Рабовите се изработени од злато, а на него е наведено дека се работи за ограничено издание и дека во светот се изработени само три вакви мобилни телефони.