Ања Поп-Костова и Слободанка Арнаудова освоија златни медали на меѓународен фестивал во Бугарија

Ања Поп-Костова и Слободанка Арнаудова освоија златни медали на меѓународен фестивал во Бугарија

пред 1 година





Младите изведувачки од „Евро-Порта Фест“ од Гевгелија, Ања Поп-Костова и Слободанка Арнаудова освоија златни медали на меѓународниот музички фестивал во Велинград, Бугарија. На фестивалот „Виножито над Клептуза“, Македонија освои и еден сребрен и два брнзени медали.

Сребро освои Ивана Коколанска во категоријата во соло изведба, а бронзен Анастасија Зафирова и Ања Поп-Костова во дуети.

За потсетување, фестивалот е во организација на Општина Велинград, а има за цел да ја зајакне музичката култура кај младите и да создаде пријателски односи и размена на добри практики меѓу учесниците од различна верска и етничка припадност.






Share
Scroll to Top