Александар Митевски и Драган Спасов Дац, ја препејаа песната „Бабино Девојче“ од пејачот Нино Величковски. Песната ја посветија на градот Куманово, каде го снимија и спотот.
„Оваа љубовна приказна му ја посветуваме на авторот Мичо Божиновски и градот Куманово. Со љубов од Дац и Александар“, напишаа тие.
Боемското дуо досега објавија и преработија неколку песни за време на пандемијата меѓу кои „Љуби ме“, Јовано Јованке“, „Корана чао“ и други.