Беквалац вратена од аеродромот во Цирих за Белград, сестра ѝ летна за Ибица

Беквалац вратена од аеродромот во Цирих за Белград, сестра ѝ летна за Ибица

пред 3 години

 Сестрата на пејачката Наташа Беквалац, Кристина, ја вратиле од аеродромот од Цирих, само што слетала, оти на пасошка контрола ѝ рекле дека пасошот ѝ е истечен една година, пишува Мондо.рс.

Поради тоа, швајцарската полиција ја одвоила од линијата за чекирање и ја задржала, а потоа ја вратила во Белград со првиот лет, додека Наташа и нејзините соработници го продолжија патот кон Ибица, каде што ќе сними неколку нови видеоспотови.

“Отидоа на Ибица за да снимаат спотови за новите песни. Целиот тим на пејачката беше со нив. Заедно се качија во авион на аеродромот ‘Никола Тесла’, но кога слетаа во Цирих, на пасошката контрола забележаа дека на Кристина пасошот ѝ истекол пред една година. Потоа, настана хаос.  Полицијата беше шокирана па се чудеа  како успеала дури и да полета од Белград. Таа им објасни дека има нов пасош, но дека во брзање го зела стариот и ги праша дали некој може да го скенира и да им го испрати. Тие пак и рекле дека мора да ја вратат за Србија“, раскажува очевидец.

 По враќањето, Кристина го зела важечкиот пасош од Србија и купила нови билети, па ѝ се придружи на својата сестра на Ибица.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top