Бившиот на Бритни Спирс, Сем Асгари ја уценува пејачката со приватни видеа, кој рече дека ќе ги објавел, ако не му плати поголема сума на пари од што е предвидена во предбрачниот договор. Во спротивно ќе ги објавел видеата кој можеле да ја уништат нејзината кариера.
Засега не е позната сумата пари која ја бара Сем, но извори блиски до тимот на Бритни, тврдат дека таа е заштитена и дека нивниот развод ќе се одвива на достоинствен и мирен начин.
„Она што го прави Ем е уцена и тоа нема да се случи“, рече извор близок до Бритни за Page Six и додаде дека Бритни не била исплашена од заканите на Сем.
За потсетување, Бритни и Сем објавија дека се разведуваат по една година и два месеци во брак. Некои од медиумите пренесоа дека причината за нивниот развод е измама која ја направила Бритни.