Билетите за „Златна бубамара на популарноста“ ќе бидат пуштени во продажба на 29 април во 12 часот напладне. Ќе се продаваат преку karti.com.mk и во цвеќарницата „Розе“ во „Веро 2“.
„Златна бубамара“ ќе се одржи на 12 мај во арената „Борис Трајковски“, а овој пат со мотото „Да живнеме!“
„Почитувани љубители на добра забава, нормални цени и евтина тарифа на струја, цените скокнаа, платите останаа исти, само ‘Златна бубамара‘ ви порачува: Дојдете да живнеме!“
По сè што поминавме, конечно, доаѓаат и убави времиња: да се развеселиме, да запееме и да се насмееме, а конечно можеме и да живнеме! Дојдоа и такви убави времиња кога полесно се доаѓа до два билета за ‘Златна бубамара‘ отколку до две шишиња зејтин. Наместо да кивнеме, време е да живнеме“, велат организаторите на „Златна бубамара“.